Почетна / Балкан / Турција стави 402 лица во затвор за ширење лажни вести

Турција стави 402 лица во затвор за ширење лажни вести

Турција уапсила 402 лица во изминатите 42 дена за наводните „лажни и провокативни“ објави на социјалните мрежи во врска со појава на коронавирусот.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се вели дека официјалните лица прегледувале повеќе од 6.000 профили на социјалните мрежи.

Министерството соопшти дека се приведени корисници на социјални медиуми за наводен обид за предизвикување паника поради пандемијата на коронавирус, кои, меѓу другото, ја обвинуваат владата дека не сторила доволно за да ја спречи епидемијата и дека лаже за бројот на смртните случаи и бројот на заразените.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еди РАма победи на изборите во Албанија

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) во Албанија, Илирјан Целибаши денеска ги соопшти резултатите од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *