Радио Штип
Црна хроника

Убиен дивеч од “Осогово“ за 1.800.000 евра

Во рок од три години од ловиштето „Осогово“ во Кочани, кое е дел од ЈП „Македонски шуми“ исчезнале 333 грла заштитен дивеч, покажа пописот на комисијата на шумското стопанство „Осогово“ во Кочани.

Штетата што е направена на оваа ловиште е во периодот од 2015 до 2018 година, а изнесува 1.840.000 евра.Токму поради негрижата за дивечот 53 годишен раководител на ловиштето „Осогово“ во Кочани денеска и заработи и кривична пријава, заради несовесно работење.

Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека во кривичната пријава стои дека раководителот поради пропуштање на должен надзор несовесно постапил во извршување на своите овластувања и должности, поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето

Со непреземање на должните дејствија, односно непреземање на потребните мерки за заштита и одгледување на дивечот во ловиштето, постапил спротивно на Законот за ловство, поради што дошло до намалување на 333 грла на заштитен дивеч, утврдено од страна на пописна Комисија на шумското стопанство Осогово,

Слични Новости

Возачите како и младите, сообраќајно се неписмени

trajce jovanov

Внук и дедо прегазени од такси на пешачки премин

trajce jovanov

На Аца ниту автобус не му може ништо

trajce jovanov

Leave a Comment