Почетна / Избор на Уредникот / УГД симпозиум за дентална медицина

УГД симпозиум за дентална медицина

Факултетот за медицински науки при УГД по деветти пат е организиратор Симпозиум со меѓународно учество „Ургентни состојби во денталната медицина“, годинава, како и сите други настани во целиот свет, онлајн. Наместо во редовниот термин напролет,  на 10 октомври во салата на Мултимедијалниот центар на УГД се организира деветтото издание на симпозиумот на платформата Microsoft teams.Ургентните состојби во денталната медицина се оние за кои е потребно брзо и навремено реагирање и терапијата треба да биде спроведена во моментот на појавување на првите симптоми. Од тие причини, секој стоматолог треба да знае како адекватно да се справи со дадената ситуација, велат организаторите на симпозиумот и ги покануваат студентите да ги следат онлајн предавањата кои годинава се во тек со актуелните состојби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *