Почетна / Избор на Уредникот / Угостители целосно отворени, со мерки против Ковид 19

Угостители целосно отворени, со мерки против Ковид 19

Од утре угостителскиот објект ќе можат да служат гости и во внатрешниот дел од објектите. За послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат  хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се  послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *