Почетна / Свет / Украина пушти руски авион да прелета.

Украина пушти руски авион да прелета.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова се заблагодари на Украина што дозволи рускиот патнички авион да влезе во нејзиниот воздушен простор за прв пат од 2015 година.

„Одлична вест! Благодарам!“, напиша Захарова на својата страница на Фејсбук.

Претходно, авион на компанијата „Глобус ерлајнс“, кој леташе од Италија кон Русија, беше принуден да поднесе барање за дозвола за летање над Украина, како резултат на силно невреме. Украина даде дозвола за евентуална несреќа во текот на летото. Авионот бил во украинскиот воздушен простор 26 минути.

Воздушниот сообраќај меѓу Русија и Украина е прекинат од октомври 2015 година на иницијатива на Украина. Украинските власти им забранија на руските авиокомпании да го користат нејзиниот воздушен простор, дури и за транзитни летови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *