Почетна / Бизнис / Украинци ги пополнуваат нашите слободни работни места

Украинци ги пополнуваат нашите слободни работни места

Украинската работна сила е се поприсутна во Македонија која, иако во мал број, се повеќе го покрива недостигот на потребните работници на пазарот на труд. Во текот на 2018 година вкупно 198 Украинци добиле работна дозвола во Македонија. Нивниот број се зголемил безмалку трикратно во однос на претходната 2017 година кога само 72 работници дошле од Украина да работат во Македонија.

Бројот на останатите странци останува стабилен, односно нема поголеми промени во структурата и тие претежно се од регионот. Најмногу биле ангажирани од Турција со вкупна бројка од 1.092 лица, а потоа од Србија 507 лица, Албанија (393), Косово (261), Грција (231). Од Украина дошле повеќе работници дури и од Бугарија од каде работеле 147 работници и од Хрватска од каде се 107. Меѓу првите земји се уште и Германија со 90 и БиХ со 75 работници.

Во 2019 како невработени со високо образование се пријавиле 10.603 дипломирани. Магистри без работа имало 805, а доктори на наука вкупно 30. Висок број на дипломирани, вкупно 5.629, има и кај пасивните баратели на работа, а во оваа категорија има имало и 400 магистри и доктори на науки. Од невработените со средно образование најбројни биле гимназијалците, економските и машинските техничари, а со високо образование најмногумина немале работа од дипломираните економисти, правници, професори по македонски и албански јазик и социјалните работници.

Според анкетата на Агенцијата за вработување извршена над работодавачите, најбараните професии во 2019 година се програмер, машински инженер, економист, градежен инженер, доктор по општа медицина, фармацевт, сметководител, маркетинг агент, новинар, информатички инженер, аналитичар на аудио-визуелни услуги, менаџер, земјоделски инженер, архитект кај тие со високо образовани. Кај оние со вишо и средно образование најмногу ќе се бара технички оператор, електро-техничар, комерцијалист, оператор на медицинска опрема, администратор, шумарски техничар, машински техничар, медицинска сестра, градежен техничар итн.

Кај работодавачите најголем приоритет при новото вработување е потребното искуство што се бара од работникот, а потоа следат дополнителните вештини, Од новозаснованите евидентирани работни односи лани, околу 118 илјади биле на определено време и сезонска работа додека околу 86 илјади биле на неопределено време.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *