Почетна / Избор на Уредникот / Универзитетите од Македонија немаат место меѓу 1000 на Шангајската листа.

Универзитетите од Македонија немаат место меѓу 1000 на Шангајската листа.

Универзитетите од Македонија и годинава не се најдоа на Шангајската листа на најдобри 1.000 универзитети во светот.

На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2019 година, на прво место 17-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ.

Најдобриот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на светската ранг листа е 1.568-ти.

На национално ниво втор е Штипскиот „Гоце Делчев“ (3.279 во светот), трет е Универзитетот на ЈИЕ (3.881), четврти Државниот универзитет во Тетово (4.912), а на пето место е Битолскиот „Св. Климент Охридски“ (5.697). Клучни критериуми за рангирање на универзитетите, меѓу другото, се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале на универзитетот или работат таму.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *