Почетна / Избор на Уредникот / Учебна година- од први октомври

Учебна година- од први октомври

Учебната година ќе почне на 1 октомври, одлучи Владата на денешната седница каде беа одобрени и протоколите за реализација на наставата со физичко присуство на учениците. Според одлуката, од 1 октомври учениците од прво до трето одделение ќе одат на училиште, додека задолжителна онлајн настава ќе следат децата од четврто до деветто одделение и сите средни училишта. Сепак, за да се овозможи враќање на учениците во училиште, Владата одлучи да формира работна група со претставници од министерствата за здравство и образование и Кабинетот на премиерот, која ќе ја следи состојбата и ќе даде мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за реализирање на наставата во услови на Ковид-19 според барањата доставени од општините за организација на настава со физичко присуство. Но, Владата потсетува дека настава со физичко присуство може да бараат само оние училишта каде што бројот на ученици не надминува 20 деца и каде може да се обезбеди растојание од 1,5 метар. Според веќе одобрените протоколи, ако некое лице со Ковид 19 се појави на училиште или имало контакт со пациент со овој вирус, тогаш лицето треба да биде изолирано во специјална просторија со задолжително носење маска сè додека директорот да оствари контакт со Центарот за јавно здравје за понатамошните чекори. Исто така, во протоколите на Владата се наведува дека на секој влез во училиштата учениците мора да бидат придружувани од класниот наставник кој ќе се грижи ученикот да ги дезинфицира рацете и чевлите. Вработените во училиштата и учениците, при влегување и престој во зградата, мора да носат маска и да обезбедат растојание од 1,5 метри. На сите вработени треба да им се мери температурата пред да влезат во училишната зграда. Истото родителите ќе треба да им го прават на своите деца пред да заминат на училиште. Ако нивната температура е над 37 степени, детето не смее да замине и треба да биде известен наставникот. Поздравување со физички контакт за вработените во училиштата и за учениците е забрането. Просториите што ги користи училишниот персонал и учениците ќе треба да се дезинфицираат на почетокот и на крајот од секоја смена. Чистењето на училницата се врши пред почетокот на часот, за време на паузата кога учениците се во дворот и по завршувањето на часот, со вода и средство за дезинфекција. Во тоалетот учениците треба да одат во помали групи, додека училиштето треба да обезбеди сапун. За време на наставата, прозорците треба да бидат отворени ако дозволуваат временските услови, училниците треба постојано да се проветруваат. Исто така, во протоколите за училиштата е предвидено дека учениците по можност треба да си носат храна од дома, додека храната што ја обезбедува училиштето мора да биде спакувана и според стандардите.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *