Почетна / Избор на Уредникот / Училишната матура ги “пресече“ факултетите.

Училишната матура ги “пресече“ факултетите.

Училишната матура го намали бројот на запишани бруцоши во новата студиска година на универизтетот „Гоце Делчев“ -Штип. Освен на факултетот за медицински науки каде што бројот е пополнет, на останатите факултети бројот на бруцоши е помал за околу 20%.

„На другите факултети бројот е присотен и е во рамки на нормалата со мал пад до 20%, ако минатата година имало 1320, оваа година е 1200. Ако се земе предвид моментот за средношколците за неможност да се запишат со училишна матура тоа значи дека универзитето е во рамки на своите можности“   изјави Кирил Барбареев- проректор за настава на УГД-Штип

Од Министерството за образование и наука беа децидни дека во новата студиска година матурантите освен со положена државна не можат да се запишат со училишна матура, па оттука се поставува и прашањето  што понатаму ?

„Постојат повеќе од 2.000 средношкоци со училишна матура кои иднината не ја гледаат во државата и во универзитетите. Ова поставува и друго прашање за овие средношколци за кои МОН стратегијата што со овие ученици: дали ќе останат во државата, дали ќе се вработат во стопанството е  серизоно прашање за кое се надевам дека некој направил добра анализа“  изјави Кирил Барбареев- проректор за настава на УГД-Штип

Освен универзитетите,  доследната  примена на новиот закон во животна неизвесност става околу 3.000 матуранти во државата. Тие се уште се надеваат дека Министерството ќе има разбирање за нивниот проблем.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *