Почетна / Спорт / ФИФА го наместила изборот на Меси

ФИФА го наместила изборот на Меси

Светската фудбалска федерација (ФИФА) неодамна го прогласи Лионел Меси за најдобар фудбалер за изминатите 12 месеци.

Аргентинецот во тесна трка ги победи Виргил Ван Дaјк од Ливерпул и Кристијано Роналдо од Јувентус. Меѓутоа и овој избор не помина без контроверзен момент и обвинувања дека истиот е наместен од страна на гласачкото тело.

Се појавија информации, кои добија потврда со фотографии, дека капитенот на Никарагва Хуан Барера не учествувал во гласањето, но неговиот глас бил доделен на Меси пред останатите кандидати.

Селекторот на Судан, Здравко Логарушиќ, исто така обвини дека неговиот глас е погрешно пресметан. Наводно, тој гласал за Салах, Мане и Мбапе, а гласовите му биле доделени на Меси, Ван Дaјк и Мане.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *