Почетна / Балкан / Фламингоа го окупираа брегот на Албанија

Фламингоа го окупираа брегот на Албанија

Пандемијата од коронавирусот и карантинот во Албанија донесе и нешто убаво, кога е во прашање животинскиот свет.Позитивен ефект кај нашиот западен сосед е зголемувањето на богатството на фауната. Се претпоставува дека за повеќе од три пати се зголемил бројот на розовите фламинга, кои го окупираа брегот во Нарта, во близината на градот Валона.Но, тие не се единствените птици што безгрижно ги шират своите крилја. Кадравите пеликани „цутат“ во спокојството. Нивните старатели се надеваат дека смиреноста ќе ги натера птиците да се репродуцираат, истакнува „Еуроњуз“.Задоволството од тоа искажа и албанскиот премиер Еди Рама.– Добро утро.Какво волшебство има Албанија, напиша Рама на фејсбук постирајќи фотографија од летот на розовите фламинга. Розовиот фламинго е најраспространет вид од семејството на фламингата. Повеќето од пердувите му се розовобели, но крилјата му се покриени со црвени пердуви, а основните и средните пердуви за летање му се црни. Клунот му е розов со црн врв, а нозете му се целосно розови. Овие птици живеат во мочурливи предели и плитки крајбрежни лагуни со солена вода.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лабави мерки -зголемена побарувачка за кондоми

Продажбата на кондоми во земјите кои ги олеснуваат мерките против короната почнува да расте. Ова …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *