Почетна / Избор на Уредникот / “Фрајле“ ќе пеат, и ќе се натпреваруваат на Макфест.

“Фрајле“ ќе пеат, и ќе се натпреваруваат на Макфест.

Едни од најголемите поп ѕвезди на Екс ју просторите, и секако на Балканот војводинскиот квартет или група “Фрајле“ ќе настапат на Макфест оваа година.Но нема да настапат во шоу програма, туку во натпреварувачкиот дел, и ќе пеат на македонски јазик.

Композицијата со наслов “Не и признавај“ ја напиша Тоше Поп Симонов, кој е автор и на аранжаманот, а текстот е на Гордана Поп Симонова“.По годините на самоизолација во музиката, Тоше Поп Симонов, повторно и тоа преку Макфест го продолжува бродењето низ морето на нотите.

Денеска во Скопје беше одржана последната прес конференција пред одржувањето на Фестивалот на 10.11 и 12-ти октомври.Се одржа извлекувањето за настап, а фестивалот започнува со песната “Стопати на ден“ чиј автор е Ристо Самарџиев и Владимир Дојчиновски аранжман, а ќе ја отпее “ макфестовото дете“ Мартинијан Кириловски.

Еве ги комплетните листи

Прва фестивалска вечер 10.10.2019

Втора фестивалска вечер 11.10.2019

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *