Почетна / Спорт / ФФМ:Нема фудбал, нема шампиони, нема победени.Мед и млеко!

ФФМ:Нема фудбал, нема шампиони, нема победени.Мед и млеко!

Шкендија, Работнички и Академија Пандев се залагаат да се игра целиот шампионат додека останатите 7 прволигаши поддржуваат идеја за прекин на фудбалскиот шампионат. СПОРТМЕДИА дојде до оваа информација откако заврши состанокот на прволигашите со челниците на ФФМ. Во очекување на официјалниот став од средбата јасно е дека за конечна одлука околу тоа што со фудбалот во Македонија ќе се знае до крајот на неделава.
ФФМ и клубовите ќе достават предлог начин за старт на тренинзите на фудбалските екипи. Нешто што се чека од Министерството за здравство веќе две недели. Дури потоа може да се разгледува за начинот на кој и дали ќе се игра фудбал.
Она што е јасно е тоа дека нема време за одигрување на целиот шампионат што е желба на Шкендија, Работнички и Академија Пандев.
Ако се игра тоа би било само 4 кола или 4 кола и некој скратен плеј-оф.
Во очекување на официјалното соопштение на ФФМ дознаваме дека останатите лиги како младинските, футсал, женски фудбал се прекинуваат!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *