Почетна / Свет / Хакери украле 600 милиони долари (криптовалути)

Хакери украле 600 милиони долари (криптовалути)

Хакери украле криптовалути во вредност од 600 милиони долари на дигиталната платформа „Poly Network” во најголемиот грабеж во историјата на децентрализирани финансиски платформи.

Хакерите ја искористиле ранливоста во „Poly Network”, платформа која се обидува да поврзе различни сегменти на блокчејн технологија за да можат да работат заедно, пишува „CNBC”.

Откако хакерите ги украле парите, тие почнале да ги испраќаат на разни други адреси. Истражувачите од компанијата за безбедност „SlowMist“ рекоа дека криптовалутата, проценета на повеќе од 610 милиони долари е префрлена на три различни адреси.

„Poly Network” ги повика берзите на криптовалути споменатите токени што доаѓаат од адреси поврзани со хакерите да ги стават на „црната листа“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *