Радио Штип
Избор на Уредникот Спорт

Храбра одважна победа над Албанија

Футсал репрезентацијата на Македонија како првопласирана патува во квалификациите за Светското првенство, затоа што во дуелот со Албанија славеше со 3-2 (1-2) и дојде до третата победа во третиот меч од претквалификациската рунда за пласман на Мундијалот.

По двете победи над Грција и Сан Марино, двете селекции веќе беа во наредната фаза. Во борбата за првото место во групата поуспешна беше селекцијата на Македонија, која ќе добие на хартија полесна група во квалификациите. Нашиот национален тим во наредната рунда ќе игра во Украина, каде ќе се соочи со Украина, Словенија и Косово, додека Албанците кои завршија како второпласирани во групата одат на турнир во Романија, заедно со домаќинот Романија, бронзениот Казахстан од ЕП 2016, како и незгодната Холандија.

Натпреварот почна според планот за Македонија, затоа што по само 14 секунди се стресе мрежата на Албанците. Погоди Садат Зибери, а противникот беше шокиран, затоа што веднаш потоа се имаше нова прилика преку Андов, а потоа повторно Зибери, но голманот Рапи беше на висината на задачата. Албанија чекаше на првата шанса цели пет минути, со еден шут од далечина, а откако топката повторно се одби кај противникот, Албанија успеа да изедначи со одличен погодок на Бесник Реџепај, кој од десетина метри биеше во горниот дел од голот на Петровски. Погодокот како да ги разбуди Албанците, па притисокот продолжи и понатаму. Во 12. минута шанса имаше Алими, но не успеа да погоди поради Петровски, додека две минути подоцна, Албанија го направи пресвртот, благодарение на Един Каца (1-2).

Македонија се обиде да изедначи во 16. минута преку Зибери, но Рапи пак одбрани, а двете селекции имаа свои шанси до полувремето, но не ги искористија. И Македонија и Албанија играа многу нервозно, со прекршоци, а поради груб удар на противник во финишот на првиот дел, црвен картон доби Еркан Сефери.

Само четири минути во вториот дел од мечот, Македонија изедначи на 2-2. Во мрежата на Албанија повторно погоди Садат Зибери, со силен шут од прекин. Веднаш потоа, Македонија даде и трет гол, преку Таулант Исмаили, а целата работа ја заврши Зибери, кој одлично мина ривал и асистираше до репрезентативниот колега. Во наредните минути заморот кај нашите футсалци беше евидентен, а Албанија притискаше. Јунак на мечот беше голманот Антонио Петровски, кој забележа неколку феноменални интервенции и ги сопре Албанците да изедначат.

Наредната квалификациска рунда во борбата за пласман на Светското првенство во футсал ќе се игра во октомври, 2019 година.

 

Слични Новости

Манчевски секогаш со награди за негови филмови

trajce jovanov

Пингпонгарскиот клуб “Шампиони ФА“ организатор на првенство во Свети Николе

trajce jovanov

2222 година ќе биде изградена Клиничка болница во Штип

trajce jovanov

Leave a Comment