Почетна / Балкан / Хрватите тријат раце од членството во ЕУ

Хрватите тријат раце од членството во ЕУ

о моментов во Хрватска над 80 отсто од сите јавни инвестиции и 8.306 приватни фирми се финансираат со неповратни средства од фондовите на Европската унија, соопшти хрватското Министерство за регионален развој и фондови на ЕУ.

„Од влезот на земјата во ЕУ, Хрватска во заедничкиот буџет на Унијата уплатила 2,65 милијарди евра. Во истиот период Хрватска примила 4,6 милијарди евра, со што остварила плус од 1,94 милијарди евра“, објави „Вечерњи лист“.

Кога станува збор за користењето на фондовите на ЕУ, на Хрватска и се на располагање вкупно 10,7 милијарди евра, а во овој момент се договорени 66 отсто алокации, распишани се 85 отсто од огласите, додека на корисниците им се исплатени 21 отсто од доделените средства.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *