Почетна / Балкан / Хрватска дели награди за работниците.

Хрватска дели награди за работниците.

Минатата година, 71.000 компании исплатија таква награда на 788.000 вработени, кои беа наградени во просек со по 3.200 куни (околу 427 евра). Вкупната годишна вредност на наградата за резултатите од работата во 2020 година изнесувала 2,5 милијарди куни (околу 333,5 милиони евра).

Плаќањето за трошоци во градинка е, исто така, една од новите можности за наградување на работниците, која беше воведена кон крајот на 2019 година. Нешто повеќе од 3.000 работодавачи им плаќаат за градинка на децата на околу 5.300 нивни вработени, а оваа година работодавачите издвоија 21,7 милиони куни (околу 2,9 милиони евра) за покривање на трошоците за градинка, во просек по 4.100 куни (околу 547 евра) по работник.

За покривање на целосните трошоци за изнајмување стан и домување „настанати за време на вработување кај работодавачот” оваа година, 900 компании користеле за 2.000 вработени. Во првите седум месеци од оваа година, тие трошоци изнесувале во просек околу 13.000 куни (околу 1.734) по работник, пишува Вечерњи лист.

Покрај „стариот” регрес, работодавачите можат да ги наградат своите работници со плаќање на трошоците за годишен одмор, што досега го користеле 249 компании за 1.406 вработени, од кои секој добил просечно по дополнителни 2.200 куни (околу 293 евра).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *