Почетна / Балкан / Хрватска си има своја Чичолина

Хрватска си има своја Чичолина

Хрватката порно филмови, сака да биде повеќе политички ангажирана. Александра Буковчан позната како Алекса Вајлд, веќе подолго време е активна во политиката.

Александра (31) својата кариера ја започнала во 2010-та година и за шест години снимила голема количина материјал. Патувала по цела Европа, а потоа одлучила да престане и сега со својот сопруг има фабрика за столици. Во месец јуни преминала во партијата на Иван Пернар и изјавила дека ја поддржува неговата работа како и работата на Бранимир Буњиц.

Таа самата изјавила дека сака да биде повеќе политички ангажирана.

„Нема да бидам лажно скромна, амбиција ми е да бидам кандидатка како прва на листата за изборната единица“ – изјавила Буковчан.

На прашањето како нејзината претходна професија влијае на сегашната изјавила дека уживала во својата работа и дека ѝ е драго доколку медиумите ја следат поради тоа.Доколку повторно имам 22 години, повторно би го правела истото. Интересот на јавноста за порнофрафијата е голем и со самото тоа што на почетокот на кариерата имав јавни настапи на телевизија и јавно збрував за својата работа, отворено и искрено на сите прашања кои ја интересираа јавноста, тогаш без причина тоа се смета за табу. Очигледно е, тоа денес го гледам, што за мене се создаде одредено јавно мислење кое сега повторно дојде до израз“ – изјавила Буковчан.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *