Почетна / Избор на Уредникот / Хушкање на граѓаните по верска основа

Хушкање на граѓаните по верска основа

Голем број на граѓани на Штип синоќа беа вџашени од тоа што доцна напладне се случуваше во и пред општинската зграда.Прво се рашири дека се делеле хуманитарни пакети, па на некои не им биле поделени, и ете ти збрка.

Други ширеле хајка, божем некој каурин пишувал против Алах.Во општинската сала, по барање на невладини организации требало да се одржи трибина за превенција на која требало да говорат началникот на СВР и одговорниот за превенција при секторот.Согласно мерките за заштита од ковид 19 морал да биде редуциран бројот на присутните, па така сите што биле прекубројни ја напуштиле салата, патем однадвор дошле лица кои ги хушкале дека некој пишувал против Алах, и почнале реакциите. Но се е завршено без последици.

Сепак каде имало чад имаше и оган: На 28 и 29.05 .2020 (четврток и петок) околу 14.30 часот на подрачјето на СВР Штип во градовите Штип и Кочани низ централното градско подрачје се одржал мирен протест на кој учествувале околу 60 лица.По поднесена групна пријава од страна на учесниците во протестот до ОВР Кочани, каде како причина се наведуваат постови со навредлива содржина против муслиманската вера постирани од страна на лицето И.Ѓ од Скопје кој преку компјутерски систем ширел ксенофобичен материјал врз основ на верско уверување,од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал Скопје против горенаведеното лице веќе е поднесена кривична пријава за кривично дело по чл. 394- г. ,,Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем,,.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *