Почетна / Избор на Уредникот / Центар “лежи лебу да те јадам“

Центар “лежи лебу да те јадам“

Националната установа Центар за култура “Ацо Шопов“, и натаму е гнездо на бирократски однесување и почитување на принципот “Клати врата-земај плата“ и “лежи лебу да те јадам“

.Дека состојбата не се поместува од место потврди и Ѓорги Устапетров претседател на Управниот одбор на оваа институција.

Дознавме дека таму  секојдневно актери настојуваат да добијат статус на актер од прв ранг, што би значело плата така малку подебела , плата околу 40.000 денари.И што е уште покарактеристично таков статус бараа глумци со тапија, ама кои на сцена не се појавилае најмалку 30 години.Заборавиле како изгледа сцената во Народниот театар , ама не забораваат да бараат високи плати иако воопшто не доаѓаат на работа, ниту пак играат претстави.

На таквите место да се заблагодари институцијата, таа мора да ги трпи, понекогаш и против општата волја да плаќа судски пенали, бидејќи некој што не доаѓал на работа повеќе од шест месеци неоправдано, преку судот пак е вратен на работа.Ете тоа е реалниот театарски живот во Штип.Нема квалитетни претстави, но затоа има задкулисни активности  со наслов “лежи лебу да те јадам“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *