Радио Штип
Балкан

Црна Гора завиено во црно од грип

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата на грип починаа шест лица, а вкупниот број лабораториски потврдени случаи на грип изнесува 237 и речиси сите се инфицирани со вирус на грип од типот А, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Директорот на Домот за здравје на Подгорица, Небојша Кавариќ, за РСЕ вели дека има доволно вакцини против грипот и дека досега примиле осум илјади граѓани.

„Најголем ризик има кај постарите лица и хронично заболените на сите возрасти, здравствените работници, како и сите што по процена на лекарите имаат симптоми што би можеле да укажат оти се работи за вирус од типот А“, изјави Кавариќ.

Слични Новости

Вучиќ и иднината на Србија

trajce jovanov

За три дена 10 мртви од грип во Република Српска

trajce jovanov

Се кае што го стрелал Чаушеску

trajce jovanov

Leave a Comment