Почетна / Балкан / Црногорска пратеничка бара оставка од мажот и`.

Црногорска пратеничка бара оставка од мажот и`.

Пратеничка во црногорскиот парламент Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ  на протестот во Подгорица потпиша „спогодба за иднината“ и со тоа индиректно побара оставка од сопругот  – врховен државен обвинител Ивица Станковиќ.

Со овој потег предизвика и шеги на своја сметка и на сметка на брачниот живот, кои со денови не престануваат на социјалните мрежи, пренесува новости.рс

– Мојот сопруг и јас меѓусебно се разбираме и се поддржуваме еден со друг за автономно постапување во извршувањето на функциите и заземање став, па дури и кога не се согласуваме. Потписот на Спогодбата е резултат на политичка принципиелност – објаснува таа за црногорските медиуми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *