Почетна / Бизнис / Чевларството на налани

Чевларството на налани

Чевларски фирми ќе бидат во мирување до февруари, затоа што пандемијата на коронавирусот им го попречи нормалното работење, нови нарачки нема од Италија, а неизвесноста дали ќе има нови рестрикции е дополнителен удар.Голема загриженост има во секторот. Ако во текот на наредниот период се затворат продавниците и трговските центри, тоа ќе значи дека ниту во февруари нема да почнат со работа, туку периодот на мирување ќе продолжи уште 6 месеци. Во меѓувреме, работниците остануваат без ангажман. Tие ќе можат да искористат одредени права и да добиваат надомест преку Агенцијата за вработување. Оваа пролет многу чевларски работници останаа без работа. Дел добија откази, а дел и сами си заминаа од работа, од страв поради ширењето на вирусот, но и затоа што мораа да се грижат за децата додека градинките не работеа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *