Почетна / Свет / Чешка од 11 мај ќе се патува со воз

Чешка од 11 мај ќе се патува со воз

Чешката Влада денес се договорила дека ќе биде укината забраната за меѓународни патувања со автобус и воз од 11 мај, изјавил владин преставник.

Мерката е воспоставена на 14 март со настојување да се контролира ширењето на новиот коронавирус, потсетуваат светските медиуми.

Од 11 мај со веќе дозволеното отворање на трговските центри, установи поголеми од 2.500 метри квадратни кои не се во трговски центри, ресторани, пабови, кафетерии, кафулиња, винотеки кој имаат отворен дел, фризерници, салони за убавина, музеи, галерии, чешката влада ќе дозволи и културни и спортски случувања на кои можат да присуствуваа до 100 луѓе.

Вонредната состојба во земјата е продолжена до 17 мај, но благодарение на добрата епидемиолошка ситуација, втората фаза на омекнување на мерките започнала на 27 април.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Fazer” подготвува антиковид апче.

Пилулата може да спречи тешка форма на ковид-19 или може да биде втора линија на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *