Почетна / Избор на Уредникот / “Чиле“ ќе ја бутал владата на Заев.

“Чиле“ ќе ја бутал владата на Заев.

Партнерот на Камчев во пропаднатата пералница за пари, Бетон Штип, Зоранчо Митревски – Чиле тргна да ја руши владата на Заев.

Митевски на политичката и воопшто естрада влезе со славењето на својот роденден со Северина, на која и платил 30.000 евра.Митревски не е заинтересиран за учество во проекти што значат опшествена одговорност, но ужива во луксузни автомобили, (eдно ферари му се преврте и искрши на штипскиот влажен коловоз, но набргу го замени за друго) луксузни часовници и разни други брендирани предмети, игра голф и често може да се сретне како ужива на бреговите на разни моденски места, како на пример на Азурниот брег.

Правник по вокација, но никогаш не се занимавал со право. Работниот век го започнува во земјоделска задруга од Кавадарци, Во овој период се соочува и со кривична пријава поради шверц и фалсификување на Тиквешка жолта ракија, но тогашниот министер Владо Поповски, кривичната ја преиначува во прекршочна, па ќе куртули од затвор.

Освен во винарскиот бизнис, Митревски влезе и во градежниот и финансискиот бизнис. Заедно со бизнисменот Орце Камчев кој е сопственик на Штипски Бетон, и како една од 12 фирми кои што работеа на проектот Скопје 2014,  и беа толку успешни што Бетон го бетонираа во стечај.

„Парталите“ блиски до ВМРО ДПМНЕ објавија дека почесен конзул на Летонија , дека преку нерезидентниот амбасадор на земјата го информирал министерот Никола Димитров дека бил рекетиран од групата на Бојан Јовановски (Боки 13), Зоран Милески Кичевец и Катица Јанева.Де бре мајката, ова јадното суштество било мета на овие со долгите рекети.Од тимот за односи со јавноста на министерството за надворешни работи апелираат да не се шират вакви информации.

-Апелираме веднаш да се престане со ширење на вакви лаги, кои во обид да го нападнат личниот интегритет на МНР Димитров и дигнитетот на функцијата што ја извршува, всушност ги доведуваат во прашање и државните интереси и истрагите што се во тек,велат во одговорот од Министерството за надворешни работи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *