Радио Штип
Бизнис

Чудо:Македонија ќе продавала струја на Италија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работи на одобрување на Планот за развој на МЕПСО што се однесува за периодот од 2019 до 2029 година со кој се предвидуваат  инвестиции од 150 милиони евра.

-Најголем дел од инвестициите ќе се реализираат од 2019 до 2022 година и ќе изнесуваат околу 100 милиони евра. Пред се ќе бидат за изградба на новата интерконективна врска со Албанија со што првпат директно ќе се поврземе електроенергетски. Тоа е од особено значење бидејќи ќе се формира коридор исток – запад односно Бугарија, Македонија, Косово, Албанија и Италија, а токму Италија е еден од најголемите увозници на електрична енергија во Европа, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница.

Со тоа, како што потенцира, МЕПСО ќе остварува поголеми приходи од транзити на енергија кои би поминувале низ новата интерконективна врска, но ќе биде и добар предуслов за нови инвестиции во производни капацитети во нашата земја.

-На тој начин произведената енергија во Македонија ќе може да се извезува во Италија по драстично скратени преносни патишта и по помали трошоци отколку што сега се прави, посочи Бислимовски.

Слични Новости

Штипски бурек, ептен мераклија.

trajce jovanov

Албанската економија пред колапс

trajce jovanov

Колкави се трошоците за живот во Германија

trajce jovanov

Leave a Comment