Почетна / Бизнис / Штипски бурек, ептен мераклија.

Штипски бурек, ептен мераклија.

Купете никакво најефтино брашно на големо и за 14 денари килограм.

Купете од најефтиното месо, сирење, никаквиот праз или спанаќ.

Го замесувате тестото, развлекувајте како политичарите  додека можете .

Ставете по едно двеста грама било што од тоа највиранта, замотајте, може да ви испушти некое влакно или пот, плувачка, не е страшно ќе се пече.Печете на струја, или на гас тоа се најефтините енергенси.

Печете што печете и додека се пече, филозофирате колку пари од ваков бурек да земете.Реално цената на трошоците со се добивка не надминува повеќе од  евро за цела пита.Мала е таа цена за ваков никаков бурек, составен од никакво брашно, никакво месо, сирење, спанаќ.Мала е таа цена и за никакви пекари, кои мислат само како со најмалку да дојдат до највеќе пари.

Најновата цена на штипскиот бурек достигна 200 денари за пита, или 50 денари за четвртина бурек.

Што им е на овие божем мајстори на пекарството.Рековме цената на брашното иста, цената на струјата иста, цената на водата иста, платите на вработените намалени.Која е смислата на упропастувањето на штипскиот бурек со една ваква цена, која за сплачината направена од никакво брашно, никакви прилози, и никакви пекари .Што подобривте и за кифлите и за разните баници па ги качивте цените.Со бурекот ептен ја претеравте.Овој текст е повик за надлежните да ги посетат малку пекарите, ама не таму да јадат туку да видат во какви хигенско-нехигиенски усслови се прави штипскиот бурек.Да проверат санитарни книшки и слично.

Во меѓувреме порака да јадачите на буреци, нека се воздрзат од јадење на бурек по било која основа и под било кои основи.Ги повикуваме директорите на  училиштата од ниеден пекар кој на децата им носи кифла од вчера, бурек или баничка од завчера , и тоа во гајби во кои претходно имало нешто друго, да не купуваат ништо ама баш ништо од штипските зулумќари пекари.

P.S.

Бреговиќ откако дозна што се случува со пекарските производи особено бурекот, одлучи од познатиот хит на “Бјело дугме“ –“Лекар, пекар,апотекар“ да го избрише зборот пекар.Иако малку доцна се сети во право е пекарот ја урниса убавината на снежно белата униформа, со лопата за вадење на пекарски производи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *