Почетна / Занимливости / Штипско културно лето 2020

Штипско културно лето 2020

Штипско културно лето на почетокот на викендов  беше манифестација која ја презентираше театарската изведба “Гледајте радио“.“Гледајте радио“, е критика на случувањата на нашата социолошка состојба.Сетоа тоа низ призмата на божемен хумор.Сериозно критичните се искажувањата во оваа претставата.Штипско културно лето,  продолжува утре во вторник 14.07.2020 со почеток во 20:30ч, изложба на отворено – мурал на фасада од ДНМ
и изложба на скулптури на Ѓорѓе Јовановиќ.”Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2003). Работи инсталации, перформанси, објекти, видеа, колажи и слики со цел да постигне трансформација на уметничкиот израз и индивидуална експресија, следејќи ја флуидноста на современиот контекст. Реализирал повеќе самостојни изложби во државата истранство: Галерија МКЦ Скопје, 2018) Chocolate Drops, Галерија Хоаст, (Виена 2018 ) Радио Слободно Скопје, Центар, Белград Сараев во Австрија, Германија, САД и други.Добитник е на повеќе награди: Награда  за млад визуелен уметник за 2009, наградата за
видео на меѓународниот фестивал Алтернативен филм / Видео во Белград, 2009,
Акто фестивал, Битола, 2012 и Најдобар млад уметник на 10 Биенале на млади уметници, Музејот на современата уметност за 2013.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Христос Воскресна-Навистина воскресна.Честит 1-ви мај!

РЕДАКЦИЈАТА НА РАДИО ШТИП, НА СВОИТЕ СЛУШАТЕЛИ-ЧИТАТЕЛИ, НА СИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ГИ ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *