Почетна / Македонија / Штип добива покриен базен

Штип добива покриен базен

Не чудете се.Верувајте.Штип по икс години ќе добие базен како што доликува.Таква одлука донесе Владата на Република Северна Македонија.
Владата на денешната седница го одобри отпочнувањето на реализацијата на проектот за изградба на 14 пливачки базени, односно се одобрува склучувањето на Договор за повеќегодишна јавна набавка за нивно подигнување.

Во првата година, односно во 2019-та, ќе се потрошат 30 милиони денари преку буџетот на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.

Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните 3 години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година.
Базените ќе се градат во Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, а општините треба да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба.
Она од што стравуваме , е градбата да ане се одложи поради избор на локација и нешто слично.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *