Радио Штип
Занимливости

Што ли ќе речат Бугарите, Исус Христос бил Грк.

Исус Христос не е Евреин, туку Грк, покажало најновото истражување кое е претставено во документарец на Amazon Prime. Во овој документарец се тврди дека античкиот филозоф Аполонинус Тајан, кој проповедал и правел чуда, всушност е Божји син.

Имено, документарецот открива дека Исус го замениле со овој грчки филозоф, кој живеел во ист период со него. Описите на Исусовиот живот и чудата кои ги направил во Новиот завет, можеби се погрешно протолкувани, и тие, како што наведува документарецот, ги направил Аполонинус Тајан, пренесува Дејли Меил.

„Помеѓу нив постојат забележителни физички сличности и постојат многу докази за тоа дека Аполонинус постоел“ се наведува во документарецот. Документарниот филм на Амазон „Библиска завера“ всушност сугерира дека Исус би можел да биде Аполонинус.

Документарецот не негира дека Исус станал историска личност, само дека личноста која се опишува во Новиот завет би можел да е Аполонинус.

Аполонинус е роден во 3-та или 4-та година п.н.е. во Централна Анатолија. И Исус и Аполонинус биле проповедници и правеле чуда во првиот век на новата ера. Двајцата имале долга брада.

Филмот објаснува како Аполонинус дошол до израс така што правел чуда и ги собирал следбениците на сличен начин како Исус. Бил ученик на Питагора, се откажал од месо, вино и жени. Не носел чевли, а пуштил долга коса и брада.

„Набрзо постанал реформатор и постојано бил во храмот Ескулапа“, се наведува во документарецот.

Римскиот император Аурелије дури се заколнал дека ќе подигне споменик во негова чест.

„Наводно им го враќал животот на мртвите и зборувал за работи кои луѓето тогаш не можеле ниту да ги замислат. За разлика од Исус, постојат докази дека Аполонинус всушност постоел“, се наведува во филмот.

Реакциите на овој документарец, како што било очекувано, не биле добри. Многумина коментирале дека во него всушност не е докажано дека Исус бил Аполонинус.

„Документарецот само се обидува да фрли сомнеж на Библијата, без никакви историски докази или интервјуа со сигурни експерти, сè е само претпоставка“, напишал еден гледач.

Слични Новости

Махмуд е победник на Фестивалот “Сан Ремо“

trajce jovanov

Започна 69 –то издание на најреномираниот фестивал “Сан Ремо“

trajce jovanov

За прв пат во Македонија, “Firsт lego” натпревар

trajce jovanov

Leave a Comment