Почетна / Занимливости / Ѓаурски повикува на отворање на театрите.

Ѓаурски повикува на отворање на театрите.

Актерот на Народниот театарр од Штип Ефтим Трајчов Ѓаурски цени дека е време е да бидат отворени театрите.На личен профил на актерот тој предлага: На почеток би можеле да ја сместиме публиката преку едно столче и преку еден ред, со задолжително носење на маски, пред влезот во салата секому ќе му се изврши брз тест за покачена температура. Откако претходно целосно ќе ги дезинфицираме и исчистиме салите. Пред секоја претстава актерите би правеле тест, со кој ако се утврди дека е негативен би се одиграла претставата. Пробите би ги одржувале со константно носење на маски и одржување на лична хигиена. Генералните проби од 10 дена би биле без маска но со редовно тестирање секој ден. Бројката од 50 луѓе публика во помалите сали и 150 до 200 во поголемите е сосем доволна во ова време, затоа што по дефиниција, театар настанува кога еден е на сцена и еден во публика. Не можеме да чекаме сама да се реши ситуацијата, напротив мора сите да предлагаме и да се прилагодуваме. Да се организираме преку средби во сите театри каде заедно со министерство за култура и синдикатот ќе го оформиме идниот план за работа. Сите промени се тешко прифатливи но јас не би прифатил да седам дома и да не работам до нова година или уште понатаму. Најстарата човекова професија е театарот и никогаш не згаснал вели актерот на штипскиот театар Ефтим Трајчов Ѓаурски

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Христос Воскресна-Навистина воскресна.Честит 1-ви мај!

РЕДАКЦИЈАТА НА РАДИО ШТИП, НА СВОИТЕ СЛУШАТЕЛИ-ЧИТАТЕЛИ, НА СИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ГИ ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *