Радио Штип
Спорт

Ѕола ќе го предводи Челзи по катаклизмичниот пораз од 0:6

Медиумите на Островот после вчерашниот дебакл на Челзи против Манчестер Сити (6:0) започнаа да пишуваат за отказ на Италијанецот.

Сари е по огромен притисок после катастрофата која ја доживеа на „Итихад“. За Челзи тоа беше најтешкиот пораз од кога е формирана Премиер лигата во 1992 година.

Доколку Маурицио Сари биде отпуштен англиските медиуми тврдат дека како приврмено решение ќе го наследи неговиот актуелен помошник Џанфранко Ѕола.

Ѕола е омилен помеѓу навивачите, како играч постигна многу важни погодоци за клубот од 1997 до 2003 година кога го носеше дресот на „сините“.

Во досегашната тренерска кариера самостојно беше тренер на Вест Хем, Кардиф, Каљари, Ал Араби и Бирмингем.

Се споменува и дека Роберто Ди Матео беше последниот привремен тренер на Челзи кој откако го замени Андре Виљаш Боаш во 2012 гоина ја освои Лигата на шампионите.

Слични Новости

Јунајтед имал подобар тим од Ливерпул

trajce jovanov

“Осенсеи“ со нови успеси

trajce jovanov

Младите борачи на Балканец, држат чекор со Лирија

trajce jovanov

Leave a Comment