Радио Штип
Занимливости Избор на Уредникот

Јагма за “Нашиот пат“

“Ако не постои утре„ и “Девојката од Бруклин„ од Гијом Мисо и “Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината„ од Александар Алексов.Следуваат “Девојката и ноќта„ и “Апартман во Париз„ од Гијом Мисо, “Математика 4, Збирка задачи со тестови и активности„ од Јадранка Клисарова, “Точка на измама„ од Ден Браун. На осмото место повторно е Мисо со “Во еден моме “Ноќ и ден” од Вирџинија Вулф и “Душокршачот„ од Себастијан Фицек.

Ова не се најпродаваните книги во Македонија, бидејќи во моментов најпродавана книга или издание е “Нашиот пат“ од авторите Џи Пи и Стефонатор.Двајцата јутјубери со нивниот издавач Просветно дело, имаа нос да заработат, покрај тоа што за другите лица работат празни множества односно по штипски кажано  зјај пазар.Јутјуберите за истите тие лица претежно деца до 7-одделение отпечатија книга која нема литерарна ниту било каква уметничка вредност, но се купува од децата.Бројот на продадените книги секојдневно се зголемува, да речеме повеќе од бројот на тие што  јадат чоколада.За јутјуберите важи народната сега му е мајката, додека  за просветата, за литературата, за образованието, па и за воспитанието, важи, ајде на психоанализа.

Слични Новости

Краткиот роман “Не паркирај гаража“ од Кацаров со наградата “Ванчо Николески“

trajce jovanov

Величеснтвена куќичка од дрва

trajce jovanov

Владата создава медиумски протекционизам и хаос.

trajce jovanov

Leave a Comment