Почетна / Балкан / Јадранот “зароби“ траект

Јадранот “зароби“ траект

Траектот Аурелија на Кипарската транспортна компанија, со 250 патници и 92 членови на екипажот, утрово доживеа несреќа – 10 милји од Корнати во хрватските територијални води.

На траектот, кој утрово тргнал по редовната линија Анкона – Сплит, му откажа еден од моторите и сега со часови се одржува на вода.

Станува збор за моторен патнички брод, кој превезува 250 патници и уште 92 членови на екипажот. Тој модел на бродот има две погонски машини, од кои едната откажала, а со другата бродот се одржува на површина.

Кон траектот веднаш биле испратени два реморкера.

Акцијата за спасување на траектот Аурелија ја презеде Центарот за трагање и спасување на море во Риека.

Ситуацијата, меѓутоа, не е лесно решлива поради лошите временски услови, односно силниот ветер, и петметарски бранови.Два брода за влечење, кои беа испратени утринава кон траектот, морале да се вратат во пристаништето во Шибеник.

Траектот и натаму се наоѓа на 10 милји југозападно од Корнати.

Според последните информации, нема повредени. Инаку, траектот е долг 150 метри.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *