Почетна / Избор на Уредникот / Ја положија ли матурата-матурантите?

Ја положија ли матурата-матурантите?

Матурантите кои бојкотираа настава и бараа скратена програма за државна матура и Министерството за образование и наука (МОН) постигнаа компромис и се договорија да се полагаат 4 испити, 2 екстерни и 2 интерни.Од кабинетот на министерката Мила Царовска соопштија дека е прифатливо компромисното решение за начинот на полагање на државната матура кое што го прифати и Сојузот на средношколци.„Предложениот модел е во интерес на сите матуранти, а Северна Македонија го задржува стандардот од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и ниту еден матурант нема да биде оштетен“, вели МОН. Овој компромис предвидува полагање на два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен испит да се организира интерно. Овој чекор повлекува промени и во начинот на добивање на поените за државната матура, па екстерните испити ќе носат најмногу 20 поени (наместо сегашните 30), интерните најмногу 16 (наместо сегашните 6) и проектната задача ќе продолжи да носи најмногу 4 поени. Сојузот смета дека ваквиот начин на распределба на поените е поправеден и порамномерен за сите матуранти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *