Радио Штип
Избор на Уредникот Македонија

Љубовта кон BMW7,именител на Спасовски, Хари Костов и Алек“Теранова“

Министерот Оливер Спасовски од неодамна се вози во бело БМВ 7 кое важи за луксузно возило и на пазарот, ново, чини и до 150.000 евра. Граѓаните се чудат на огромниот апетито ункционерите да се возат со луксузни возила.

Од Кабинетот на министерот за Фактор велат дека нема ништо спорно што министерот сега има ново возило, но тврдат дека е многу добро што Министерството за возилото нема платено ниту денар. Впрочем автомобилот бил од Агенцијата за управување со одземен имот. Не одговорија сепак кој точно модел е, кога е земен, зошто и колку чини.

„За превоз на министерот Оливер Спасовски се користи возило „БМВ“ кое е добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, што подразбира дека за ова возило Министерството за внатрешни работи нема потрошено пари за набавка. Претходно за превоз на министерот Спасовски се користеше возило кое беше заменето поради честите дефекти“, изјавија од Министерството за внатрешни работи.

Од Агенцијата за управување со одземен имот се уште нема одговори на прашањата кои ги постави Фактор, за тоа кога точно му е даден автомобилот на министерот и колкава е неговата вредност. Не одговорија ниту кога бил запленет автомобилот и во каква постапка. Инаку работите кои ги запленува Агенцијата може да се отуѓуваат по правосилни судски постапки.

Вакво  возило БМВ 7 во Скопје вози генералниот директор на Комерцијална банка Хари Костов, но и бизнисменот Александар Ивановски познат како Алек Теранова.

Нови серии од оваа марка се вадат секои осум години, а на половина од тој период се вади само нов модел (фејс лифт). Важи за луксузна класа автомобил, која нуди исклучителна удобност. Функционерите пак, служебните автомобили треба да ги возат на терен, за патувања во земјата, и во регионот евентуално. Во Македонија се користат за превоз на функционерите од дома до работа, а очигледно и на некои од вечерните дружби.

Слични Новости

100 години живот прослави Цане Гелевски од Бурилчево

trajce jovanov

Легитимно нелигитниот ОФС го подрджува Сејдини за претседател на ФФМ

trajce jovanov

“Перутине Птуј“ или “Неопланта“ а и другите не` трујат со салами, виршли , колбаси…

trajce jovanov

Leave a Comment