Почетна / Занимливости / Џенифер Лопез е модна икона на годината

Џенифер Лопез е модна икона на годината

Актерката и пејачка Џенифер Лопез е прогласена за модна икона на годината од страна на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA). Официјално, титулата ќе ѝ биде доделена на свечена церемонија во музејот Бруклин во Њујорк.

Пред Џенифер, оваа титула ја имале Ријана, Бијонсе, Лејди Гага и Наоми Кембел. Претседателот на жирито, Стивен Колб вели дека никогаш не е лесно да се одлучи кому ќе припадне оваа титула, бидејќи има многу потенцијални кандидати.

Тоа што пресудило годинава Џенифер да ја добие титулата е нејзиното постојано присуство во светот на модата, но  и смелоста.

„Таа е секогаш забележана каде и да се појави и секогаш за неа се зборува. Тоа ја прави совршен избор“, вели Колб.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *