Почетна / Избор на Уредникот / Џими за градоначалник на Штип?!!

Џими за градоначалник на Штип?!!

До полноќ, кога и официјално истече рокот за пријавување, до Општинската изборна комисија поднесени се пет кандидатури за избор на градоначалник на Општина Штип. Во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година, влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата  коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија, а најголемо изненадување за штипјани е кандидатурата на Интегра-Македонска конзервативна партија, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, познат на штипјани како Џими, кој е роден во Нигерија, а во Штип доаѓа да студира, а веќе неколку децении живее и работи. ВМРО-ДПМНЕ попладнево по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествува на овие избори и да делигира свој кандидат. Тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им е важно.Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори. На 11 декември гласаат болните од ковид-19, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите, а на 13 декември е изборниот ден, кога гласачките места се отвараат во 7 час

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *