Почетна / Балкан / 10 години живот без коцкање на Косово
Oblozuvalnici, kladilnici, luge se oblozuvaat

10 години живот без коцкање на Косово

Приштинските власти усвоија измени и дополнувања на законот за игри на среќа, со кои е предложена и забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарнициПриштинските власти усвоија измени и дополнувања на законот за игри на среќа, со кои е предложена и забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарници.

Измените се усвоени по двете убиства кои се случија во две коцкарници минатата недела, а се однесуваат на следните 10 години.

Премиерот Рамуш Харадинај на новинарите, по седницата на владата, им кажа дека неговиот кабинет само го прифатил барањето на парламентот за забрана на коцкањето и затворање на коцкарниците на косовска територија.

„Ние го спроведуваме барањето на собранието. Барањето беше владата да го забрани коцкањето на период од десет години и сите игри на среќа се забранети“, кажа Харадинај.

Тој потсети дека собранието го испратило барањето до владата на предлог на највлијателната опозициска партија Демократски сојуз на Косово.

Најави дека владата во парламентот во следните 30 дена ќе го достави изменетиот закон со кој таа забрана ќе биде озаконета, пренесуваат приштинските медиуми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *