Почетна / Избор на Уредникот / 111 штипјани каснати од бездомни кучиња, 3 заболени од лајшманиоза и еден починат.

111 штипјани каснати од бездомни кучиња, 3 заболени од лајшманиоза и еден починат.

Од почетокот на оваа година 111 граѓани биле каснати од кучиња скитници, и истите барале лекарска помош во Клиничка болница во Штип, на инфективно одделение

.Д-р Дијана Шишкова на денешната организирана заедничка прес конференција ги потврди овие бројки.Д-р Александра Србиновска од  Центарот за Јавно здравје во Штип, во таа пригода истакна дека годинава се регистрирани 3 лица болни од лајшманиоза, а едно од тие лица веќе е починато.Ваквите бројки од специјалистите за заразни болести и епидемии, се со цел, барем така велат на граѓаните на Штип да им стане јасно, дека мора да внимаваат на бздомните кучиња, поради тоа што се природен инкубатор на паразитот кој ја пренесува лајшманиозата.Оваа болест кучињата ја добиваат откако ќе бидат каснати од комарци, или пак од крлежи, и се пренесува преку крв.Иnаку општината Штип е прва во регионот која направи прифатилиште, Тоше Георгиевски, истакнува дека етапно се отстрануваат сите неповолности во изградбата на стационарот, бидејќи за тоа се потребни дополнителни средства.На прес конференцијата организирана во прифатилиштето на бездомни кучиња  се огласи и раководителот на Ветеринарна станица Штип-Крсте Митев, која го има добиено тендерот за заловување и натамошен третман на кучињата скитници.Тој апелираше до невладиниот сектор да престане да шири невистини и непотребно да внесува страв кај граѓаните.Доколку невладините организации не престанат со дезинформациите, Ветеринарната станица ќе биде приморана да преземе мерки со кои ќе се заштити од дезинформациите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *