Почетна / Свет / 13 лица загинаа откако се урна црквата

13 лица загинаа откако се урна црквата

Најмалку 13 лица загинаа, а 16 се повредени кога во источниот дел на Јужна Африка за време на предвелигденската миса се сруши ѕид на црква, објави денес Би-би-си.

Шестмина повреди се наоѓаат во сериозна состојба. Пентекосталната црква се сруши синоќа во Длангуба во приморската покраина Квазулу-Натал.

Портпаролот на локалната полиција ја поврза трагедијата со обилните дождови во областа околу Емпангени во четвртокот вечер.

Според локалните извештаи некои од луѓето спиеле кога се срушил ѕидот од тули.

Ѕидот на предната страна на Пентекосталната црква се срушил на почетокот од она што било планирано како викенд-долга служба за одбележување на христијанскиот празник Велигден.

Денес е одржана посебна молитвена служба во голем шатор пред црквата, јави телевизијата ЕНЦА.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *