Почетна / Македонија / 17-ти мај ден за борба против висок крвен притисок

17-ти мај ден за борба против висок крвен притисок

Светскиот ден на хипертензија 17. Мај, се одбележува со цел да се едуцира јавноста и да се зголеми свесноста за  високиот крвен притисок. Хипертензијата е главна причина за низа здравствени проблеми како што е мозочен удар, срцеви и бубрежни заболувања и може да придонесе за деменција.Темата на светскиот ден е „Дали го знаеш својот број?” и се однесува и на лицата кои воопшто не знаат дека имаат хипертензија, како и на оние кои се дијагностицирани, а треба да следат дали крвниот притисок е со задоволителна регулација. Особено внимание е потребно да се обрне кај младите луѓе, кои често пати не се свесни дека имаат повисок крвен притисок.Македонската асоцијација за хипертензија го одбележува Светскиот ден на хипертензија со мерење на крвен притисок и давање одредени препораки за евентуален третман во повеќе ординации и работни организации.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *