Почетна / Бизнис / 2.000.000 АНТИКОВИД МАСКИ ОД ШТИП

2.000.000 АНТИКОВИД МАСКИ ОД ШТИП

Во градот под Исарот, сошиени се илјадници заштитни маски за извоз откако почна пандемијата на коронавирусот.Месец дена имаше голема побарувачка за заштитни маски.  Тие завршиле во Германија, Холандија и Белгија, а сега обемот на работа од овој тип е намален и само неколку компании шијат маски. Бројот на сошиени маски варира од конфекција до конфекција во Штип. Засега од странските партнери нема нови нарачки, а како ќе биде понатаму не се знае.Иако бројот на сошиените маски се крие , како што змијата си ги крие нозете, нашата занализа вели дека штипските конфекции за овој период  произвеле над 1.милиони антиковид маски.Носењето маска е задолжително во Македонија, но и во регионот и пошироко со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.Последниве денови се зголеми бројот на заразени во Штип и Свети Николе.Во земјава бројот на потврдени случај на Ковид -19 надмина 9.000, а починаа повеќе од 420 луѓе. Во државата направени се над 85.000 тестови. Глобално, над 14.6 милиони луѓе се инфицирале со опасниот вирус.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *