Почетна / Избор на Уредникот / 20 километар “Црна точка“.

20 километар “Црна точка“.

На 12.07.2020 во 21.30 на магистралниот пат Радовиш Штип, во близина на клучка за село Љуботен, се случила сообраќајна незгода помеѓу  патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(33) од Кочани, патничко возило „пежо 206“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(28) од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки управувано од А.Т.(40) од Кочани. Во незгодата починал Е.М.(42), сопатник во патничкото возило „опел корса“, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајца сопатници  со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител.

 

На 12.07.2020 на магистралниот пат Радовиш Штип на место викано „20 км“ се случила сообраќајна  незгода помеѓу  патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки. управувано од возач кој го напуштил местото на настанот, товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки управуван о д С.Ј.(61) од с.Булачани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки управувано од Е.К.(50) од Штип. Во незгодата со повреди се здобиле 11 лица мигранти (10 од Пакистан и 1 од Авганистан) кои се превезувале во патничкото возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки , Е.К. и Т.К.(85) совозач во возилото мерцедес со бугарски национални ознаки кои биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *