Радио Штип
Спорт

20 медалји за борачите на Балканец

Младите борачи треба многу да учат од поискусните. „Отпишаните“ се вратија на душекот и тоа со медали. Ја збогатија збирката успешни резултати на Балканец Се вратија , верувале или не, со 20 медали! Можеби кадетите до крај не ги исполнија очекувањата, ама во Балканец има една сениорска екипа, која се уште не го кажала последниот збор, а која во изминатиот период ги потврдувала своите квалитети на безброј првенства од детски, кадетски, младински, па се до сениорски. Се вратија ветераните на Балканец, за да докажат дека немаат рамни во државата.дека се незаменливи. Повторно се радуваа на првите места во многу категории. Затоа, велиме, младите треба да учат од ветераните, ако сакаат да напредуваат во своите кариери.Впрочем, ветераните сега се во најзрелите години за овој спорт.
Балканец освои дури 4 први места во сениорска конкуренција -Владимир Егоров -61 кгр, Дејан Митров, 79, Бобан Савев 92 и најголемото пријатно изненадување- Мики Тодоров, 97 кгр. Втори места освоија Виктор Богданов 97 кгр, Мијалче Ананиев 92,Мартин Стојанов 65, Јане Буровски 70,. Трети места Џан Назифов 120, Васе Спасов 97, Младен Рунчев 74 и Мето Тасев 74.
Во кадетска конкуренција, прво место- Фадил Назифов,, втори места Филип Тасев 65, Теодор Георгиев 110, трети- Ненад Панов 55, Дарио Димитров 60,Мухамед Дурмишов 65, Христијан Коцев 71 и Методи Тасев 80 кгр.
Познато е дека Балканец има Правилник за наградување на борачите кои ќе освојат едно од првите три места на изборните и државните првенства. Дали тоа значи дека касата на БАЛКАНЕЦ по овие резултати ќе биде„ испразнета? Веројанто и во екипна конкуренција, ако овие резултати се бодуваат,Балканец ќе биде најуспешен клуб на Изборното првенство во Прилеп, каде учествуваа 120 борачи од 13 клуба. Можеби и новата опрема, со која штипските борачи настапија во Прилеп, придонесе и за овие успешни резултати..

Штипски асови

Слични Новости

“Мал Ајакс“ ита кон прва лига

trajce jovanov

Сараево пред 35 години

trajce jovanov

Мал Ајакс и пред завршувањето на првенството стана прволигаш

trajce jovanov

Leave a Comment