Почетна / Црна хроника / 21 пријава против моторџиите

21 пријава против моторџиите

На 03.08.2020 во 11.41 часот, во СВР Штип, С.Ѓ.(46) од Штип, пријавила дека на 03.08.2020 во периодот од 03.00 часот до 10.00 часот од страна на непознат сторител ѝ било одземено патничко возило „хјундаи акцент“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на  Д.А., паркирано на ул.„Балканска“ во Штип. По преземените мерки од страна на полициски службеници, пријавеното возило е пронајдено на ул.„Железничка“ во Штип, одземено од 17-годишник и вратено на пријавителката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.08.2020 во 21.00 часот, во Полициската станица Штип, 38-годишен штипјанец пријавил дека околу 20.15 часот, на ул.„Панче Карагозов“ во Штип, неговата мајка Г.Н.(61) од Штип, била физички нападната од едно лице, кое со употреба на сила ѝ одзело златен предмет. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.

 

СВР Штип поднесе прекршочни пријави за глобење на 21 мотоциклист, кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *