Почетна / Бизнис / 260.000 работници секоја година и фалат на Германија

260.000 работници секоја година и фалат на Германија

Според анализата на Фондацијата „Bertelsmann“, на германскиот пазар на трудот потребни се најмалку 260.000 имигранти секоја година на среден и долг рок.

Во просек околу 114.000 имигранти годишно се очекуваат од други земји на Европската Унија, но околу 146.000 ќе мора да имигрираат од трети земји надвор од ЕУ. Ова ги покажува резултатите од студијата на Јохан Фукс и Александар Кубис од Институтот за истражување на вработување (IAB) и Луц Шнајдер од Универзитетот во Кобург во име на фондацијата „Bertelsmann“.

 

Стареењето на населението во земјата, бројот на вработени (ако нема мигранти) ќе се намали за околу 16 милиони до 2060-та година – речиси една третина.

До 2060-та година, на Германија ќе и биде потребна годишна имиграција од најмалку 260.000 луѓе. Само на овој начин демографскиот пад на понудата на работна сила може да се ограничи на ниво кое е прифатливо за економијата.

Истражувачите укажуваат на повисоки стапки на наталитет во иднина, како и присуство на повеќе жени и постари лица на пазарот на трудот. Но, дури и ако мажите и жените работат на ист начин, а во Германија да се воведе пензионирање по 70 години возраст, потребата за квалификувана работна сила не може да се покрие само со локални средства.

„Миграцијата е клучот за успешна иднина. На Германија и се потребни квалификувани работници – исто така и од не-европските региони“, истакна претседателот на Одборот на директори на Фондацијата, Јорг Дрегер.

Исто така, аналитичарите испитуваат како дигитализацијата ќе ги реши потребите од имиграцијата. Според анализата, сè повеќе дигитализирниот пазар на труд бара помалку вработени и квалификувани работници, како што се техничари, магистри и академици.

Сепак, со оглед на расположливата работна сила – со други зборови – понудата – може да се очекува долгорочно ублажување на недостигот во академските кругови, но раст на недостигот на специјалисти во сегментот на средноквалифицираните вработени. Од една страна, се повеќе луѓе добиваат повисока квалификација, а од друга страна во наредните години особено голем број на луѓе ќе ја напуштаат професионалната обука.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *