Почетна / Свет / 35 лица загинаа во железничка несреќа во Египет

35 лица загинаа во железничка несреќа во Египет

Во тешка железничка несреќа која се случи на железничката станица во Каиро загинаа најмалку 25 луѓе.

ешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 25 луѓе, а повредени се уште најмалку 40, ја предизвикала локомотива, која со голема брзина влегла во станицата во Каиро и на крајот од перонот се судрила со бетонски блок. Потоа се случила експлозија која предизвикала пожар.

Египетскиот претседател Мустафа Мадбули ја посети станицата непосредно по трагедијата. „Нема да дозволиме немарност“, рече Мадбули.

Египет е познат по лошото одржување на патиштата и шините. Владата со години е мета на критики и обвинувања дека не презема доволно мерки против хроничните проблеми.

Во земјата во изминатите години се случија повеќе тешки железнички несреќи. Во јули минатата година воз излета од шините јужно од Каиро. Повредени беа 55 лица. Во февруари, при судар на два воза во провинцијата Ал Бухаира, загинаа најмалку 10 лица. Во август 2017 година повеќе од 40 луѓе ги загубија животите при судар на возови во Александрија. Според Заводот за статистика на Египет, во 2017 година имало вкупно 1792 железнички несреќи во земјата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *