Почетна / Бизнис / 4 милиони тони , чоколадо се произведува во ЕУ

4 милиони тони , чоколадо се произведува во ЕУ

Годишно во Европската Унија се произведуваат околу четири милиони тони чоколадо вредно 18,3 милијарди евра, а најголеми производители се Германија и Италија.

Податоците на Европската статистичка служба покажуваат дека Германија во 2017 година произвела 1,3 милиони тони, што сочинува 32 отсто од вкупното производство на чоколада во ЕУ.

Италија истата година произвела 0,7 милиони тони чоколада, а Франција и Холандија по 0,4 милиони, пишува Еурактив. На листата на водечки производители се и Британија, Белгија, Полска и Шпанија. Овие осум членки покриваат повеќе од 90 отсто од производството на чоколадо во ЕУ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *