Радио Штип
Свет

4.500 бирократи без работа во Шведска

Околу 4.500 службеници на шведскиот завод за вработувањеостанаа без работа. Поради буџетски заштеди и реформи на пазарот на труд ќе се затворат десетици канцеалрии низ Шведска, а нивните вработени ќе се преселат од другата страна на шалтерите.

Државниот буџет за 2019 година, изгласан во парламентот кон средината на декември, предвиде околу 38 милиони евра помалку за плати за вработените, а околу 433 милиони евра помалку за програмите на заводот за вработување. Одлуката за едно од најголемите истовремени укинувања на работни места во историјата на Шведска беше единствената можна последица на буџетските кастрења.

Заводот за вработување во 240 подружници во цела Шведска вработува околу 13.500 луѓе, што значи дека без работа останува третина од актуелната работна сила. Најмногу отпуштања ќе има во провинциските центри, а најмалку во големите градови. Сите сегашни вработени, меѓутоа, ќе останат на своите работни места до април, односно до завршувањето на преговорите меѓу синдикатите и лидерите на Заводот околу условите на отказите.

Шведските политичари ни досега не се воздржувале од слични потези, колку и да се тие непопуларни. Иако кастрењето на трошоците на Заводот за вработување е последица на буџетот изгласан во парламентот од партиите од десниот центар, незадоволството од моментална функција на Заводот ја дели и владејачката коалиција од левиот центар.

Социјалдемократскиот премиер Штефан Левфен за отказите ги обвини политичките соперници од десницата, кои пред неговиот избор во јануари, со помош на гласовите на „одметнатите“ партии од центарот го донесоа државниот буџет кој сега го обврзува и него, но министерката за труд Јива Јохансон (исто од редовите на социјалдемократите) наведе дека на Заводот за вработување во секој случај не му се пишувало добро. „Дури и по евентуалниот ребаланс на буџетот во април, не верувам дека ќе има пари со кои би се надокнадил овој недостиг. Партиите со кои влеговме во буџетска коалиција немаат толку амбициозна политика на пазарот на труд и јасно е дека тоа ќе влијае и врз државниот буџет во следните години“.

Реформите одат главно кон дигитализација и повлекување на Заводот за вработување како активен актер во вработувањето. Се најавува дека комуникацијата со невработените во иднина ќе се води преку Скајп, што значи дека учесниците во разговорите можат да бидат одалечени и стотици километри. Поголема улога на пазарот на труд треба да добијат и приватните компании.

Стапката на невработеност во Шведска во моментов е околу шест отсто, со акцент дека разликите во однос на потеклото се големи. Меѓу граѓаните родени во Шведска невработеноста е само 3,6 отсто (што значи дека работат сите што сакаат да работат), додека кај странците е дури 19,9 отсто. Во такви релативно поволни пазарни и економски услови и шведската јавност и шведските политичари (освен партијата Левица) сметаат дека е време за реформи кои Заводот за вработување ќе го направат значително помала, поевтина и поефикасна институција фокусирана на решавање на проблемите, а не на посредување во вработувањето бидејќи луѓето самите без големи тешкотии наоѓаат работа.

Слични Новости

Кралска забрана за принцезата

trajce jovanov

ИСИС има многу борци од екс СФРЈ

trajce jovanov

Не за Трамп, рекоа Германија и Франција

trajce jovanov

Leave a Comment